Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Тринаесетта врзана победа на Бостон во НБА лигата

Бостон Селтикс ја запиша 13. победа во серија откако ноќеска славеше на гостувањето во Њујорк кај Бруклин Нетс со 109:102.

Бостон лошо ја отвори сезоната со два пораза, но следуваше победничката низа по што има најдобар ефект во досегашниот тек од НБА лигата.

Кајри Ирвинг го предводеше Селтикс до триумфот  со 25 поени, три скока и пет асистенции.

Во тимот од Бруклин, најефективниот беше Џо Харис со 19 поени.