Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Урнебесно, се играше пред празни трибини, а тренерот на Џенова ги натера да се поздрават со публиката

Џенова го совлада Милан со 2:1 на „Сан Сиро“, а трите бода значат многу во борбата за опстанок. Водечкиот гол за гостите го постигна Горан Пандев.

Радоста на фудбалерите и целиот тим на Џенова по мечот беше огромна. За тоа говори и потегот на тренерот на гостите Давиде Никола, кој веројатно заборави дека мечот се одигра зад затворени врати, односно празни трибини, па ги натера играчите да ги поздрават навивачите.