Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Урнебесно, вака Мурињо се поздравува поради коронавирусот

Како што е познато во Англија, односно на мечевите во Премиер лигата, но и на сите лиги, забрането е традиционалното поздравување пред почетокот на мечевите, поради превенција од ширење на коронавирус.

Но, Жозе Мурињо најде интересен, шеговит начин сепак да се поздрави со физички контакт со друго лице. Тој тоа го покажа на прес конференцијата со новинарите, во пресрет на утрешниот меч против Барнли.

Но, сепак Мурињо не е единствениот. Во изминатите неколку денови се појавија разни фотографии од познати личности, политичари, европски лидери, кои се поздравуваат на ваков или сличен начин, поради страв од ширење на коронавирус.