Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Вакво нешто ретко се гледа – голман од 90 метри даде феноменален гол

Пријателскиот меч помеѓу Јордан и Индија доби глобална популарност и внимание, но не од квалитетот на мечот, туку од еден единствен потег.

Јордан славеше со 2-1, а во водствот дојде во 25. минута и тоа исклучиво поради мајсторскиот потег на својот голман Амер Шафи кој е и капитен на репрезентацијата.

Индискиот голман изведе индиректен слободен удар по офсајдот на Јордан длабоко во својата половина, но тоа го стори очајно и му додаде практично на неговиот колега од спротивната страна, Шафи.

Но тогаш, тој веднаш сфати дека голманот на Индија е далеку од својот гол, па силно ја изби топката од работ на својот шеснаесетник, па топката незгодно отскокна пред голманот на Индија кој е висок 194 сантиметри и заврши зад неговиот грб.