Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: ВАР е посебна приказна во Јужна Америка: На судијата му требаа скоро пет минути да досуди пенал

Репрезентацијата на Бразил синоќа ја совлада Боливија со 3:0 во првиот натпревар од Копа Америка.

„Кариоките“ на одличен начин го отворија Копа Америка и лесно дојдоа до победа против Боливија. Бразил доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено славеше со 3:0.

Боливија некако ја чуваше мрежата до 50. минута, но тогаш Кутињо погоди за 1:0 од пенал и играта на оваа селекција едноставно се распадна.

Но, за пеналот се уште се зборува. Имено, во 46. минута Жусино играше со рака во својот шеснаесетник, но судијата Нестор Питана само одмавна со раката.

Меѓутоа, Бразилците се жалеа и побараа од судијата да користи ВАР, па на крајот тоа и се случи. Но, неверојатно е дека сето тоа траеше скоро пет минути

Откако не успеа да се усогласи со помошниците од ВАР собата, Питана отиде да го  погледне спорниот момент и одлучи да свири пенал. Сепак, многумина веруваат дека одлуката би можела да се донесе за минута или две, а не за скоро пет минути.