Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Во Европа, сепак се игра фудбал, „петарда“ на Манчестер Јунајтед

Иако УЕФА одржува состанок и одлучува дали ќе има фудбал во континенталните купови, сепак вечерва се игра на неколку терени. Одложени се дуелите Рома-Севиља и Интер-Хетафе, но сепак на шест други терени се игра осминафиналето од ЛЕ.

На мечевите кои започнаа порано победи забележаа Башакшехир со 1:0 против Копенхаген, Базел славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, додека Манчестер Јунајтед со „петарда“ се враќа од ЛАСК.

Најубедливата победа секако ја забележаа „Црвените ѓаволи“, за кои може да се каже дека уште сега се во четвртфиналето. Игало, Џејмс, Мата, Гринвуд и Переира беа стрелци на головите. На чекор до следната рунда секако е и Базел кој со 3:0 се враќа од Германија,

Вечерва се играат мечевите Олимпијакос-Вулверхепмтон, Ренџерс-Леверкузен, Волфсбург-Шахтјор.

Секако, мечевите се играат пред празни трибини поради забраната на УЕФА за превенција против ширење на коронавирусот.