Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Во Јужна Америка се игра фудбал, хаос на дербито, неверојатни осум црвени картони

Фудбалските лиги широм Европа се суспендирани, а дел од нив ја разгледуваат таквата можност. Сепак, во Јужна Америка се игра фудбал. Иако во текот на ноќта е регистриран коронавирус кај еден член од раководството на Фламенго, сепак три меча во Копа Либертадорес се одиграни.

Особено интересен беше дуелот помеѓу Гремио и Интернасионал, кои за прв пат играа меѓусебен меч во ова натпреварување.

Нивниот прв меч ќе се памети долго. Немаше погодоци на „Порто Алегре“, но имаше неверојтен инцидент во финишот на натпреварот, а судијата Рапалини од Аргентина покажа дури ОСУМ црвени картони.

Четири добија играчите на Гремио (Лусијано, Пепе, Енрике и Миранда, кој не беше на теренот), а исто толку добија играчите на Интернасионал (Еденилсон, Моизес, Куеста и Передес, кој исто така не беше на теренот за време на инцидентот).

Се се случи по „давењето“ на Пепе и Моизес, па туркањето со глави на Лусијано и Еденилсон, а судијата им покажа црвени картони. Но, тоа не застана тука, бидејќи играчите започнаа масовна тепачка на теренот. Ако, се пребројат сите учесници во инцидентот, па можеби судијата не покажа многу црвени картони.