Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Зад детето кое ги освои срцата на навивачите се крие тажна приказна

Домашниот тима на „Велодром“, сепак успеа да избегне пораз и барем малку ги смири навивачите после лошата игра која ја покажаа во овој натпревар. Меѓутоа, по натпреварот во центарот на вниманието се најде детето кое требаше да го изведе почетниот удар на натпреварот. Но тоја направив вистинско шоу затоа што ја зеде топката и ја затресе мрежата на Рен и потоа на легендарен начин го прослави погодокот.

Беше планирано детето да го изведе само почетниот удар, но рој одлучи да ја искористи шансата. Кога навивачите сфатиа што се случува настана „лудница“ на трибините и на одличен со „прослава“ го одбележаа неговиот гол. Сепак, зад ова дете се крие навистина тажна приказна.

Имено, неговите родители кои се по потекло од Мароко се големи навивачи на Марсеј. Пред десет години неговиот татко загина во сообраќајна несреќа додека навивачите на овој тим се враќаа од гостување. Марсеј тогаш играше против Ле Авер, а автобусот по враќањето накај дома учествуваше во тешка сообраќајна несреќа и неговиот татко беше една од двете жртви во несреќата.

Во сеќавање на десет години од неговата смрт Марсеј одлучи на неговиот сина да му овозможи да излезе на теренот и да го изведе почетниот удар. Но, тој влезе во срцето на љубителите на фудбалот ширум светот затоа што го искористи моментот и направи вистинско шоу на теренот.