Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Зошто „Феноменот“ го мрази 5-ти мај, затоа што плачеше како мало дете

Луис Назарио да Лима Роналдо или „Феноменот“. Сите кои ќе го изговореа ова име, го изговараа со респект, а замислете тогаш како им било на противничките дефанзивци кога тој ќе тргнеше во нападот. Да не беа повредите, ќе постигнеше повеќе, иако и тоа што го покажа може да се заклучи дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

Но, зошто „Феноменот“ го мрази 5-ти мај. Затоа што на денешен седеше на клупата и плачеше како мало дете. Во 2002 година на Интер му беше потребна победа, сепак загуби на гостувањето кај Лацио со 4:2 и тоа преку пресврт, а Јувентус славеше против Удинезе со 2:0 и ја освои титулата.

Интер трофејот го чекаше до децении и сите таа сезона беа убедени дека Роналдо ќе го „тргне проклетството“ и конечно титулата ќе ја донесе во Милано.

Но, Роналдо на овој меч не постигна гол, а излезе од игра во 74-та минута. На негово место влезе Калон. Кога седна на клупата Роналдо плачеше како мало дете. Интер никогаш не бил поблиску до титула, а токму тој ќе беше најзаслужен за тоа.