Connect with us

Фудбал

Видеото од потегот на Модриќ за еден ден собра речиси 25 милиони прегледи

Потегот кој Лука Модриќ го направи минатата година во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи повторно беше споделен на неговиот TikTok. За само еден ден тоа видео беше прегледано речиси 25 милиони пати и луѓето повторно со воодушевување го коментираат нарекувајќи го Модриќ богот на асистенциите и најдобриот играч за врска.

За да го погледнете потегот на Модриќ кликнете тука.

Станува збор за асистенција која многумина ја нарекоа најубава во Лигата на шампионите, а Марка ја опиша вака: „Неговиот пас со славната „надворешна“ за голот на Родриго, со кој го спаси Реал, не може ни достојно да се раскаже. Модриќ е генијалец и нема други зборови што подобро го опишуваат. Само можеби магионичар, затоа што тоа беше потегот со кој го постави голот. Со Модриќ на теренот ништо не е невозможно.

Хрватскиот гениј заслужува Реал да му изгради споменик. Сега, одма. Во реваншот против Челзи, тој го помина првото полувреме мислејќи повеќе на одбрана отколку на создавање, а Реал навистина го почувствува тоа. Во вториот дел веќе го имаше добро познатиот Модриќ, но додавањето за голот на Родриго е апсолутен генијален потег! Магичниот Модриќ додаде уште една игра во својата богата колекција ремек-дела.“