Connect with us

Фудбал

Вие новинарите сте криви за се

Откако Неимар го замени “Камп Ноу” со “Паркот на принцовите”, постојано читаме за нетрпеливоста на релација Бразилец – Единсон Кавани. Изминатата сезона многу се пишуваше за конфликтот помеѓу нив двајца околу изведувањето на ударот од белата точка.

Овој дуел помина во знакот на Кавани и Неимар. При еден меѓусебен дуел, Неимар остана да лежи и да се жали на повреда, а откако не ја прифати подадената рака, Кавани ја фрли топката кон него.

По натпреварот Неимар изјави дека се било во жарот на борбата и дека нема вистина во информациите дека е во лоши односи со Кавани. Неколку дена подоцна своето мислење околу целата ситуација го даде и бомбардерот на “светците#.

  • Мора да престанете со тоа. Вие новинарите креирате нешто од некаква ситница која не е важна за никого. Приватно сите ние имаме свој живот, но во клубот сите работиме за доброто на тимот. Глупаво е да зборите за некакви конфликти кои не постојат, изјави Кавани.