Connect with us

Фудбал

Виљареал рутински, Атлетико киксна каде што не треба

Во средината на оваа недела се игра четвртото коло во шпанската Ла Лига, во кое немаше недостаток на возбудувања.

По убедливиот пораз на „Камп Ноу“ (0:4), Виљареал на домашен терен го пречека тимот на Алавес, против кој имаше добра можност да го подобри впечатокот, во што и успеа.

„Жолтата подморница“ стигна до водство во 13-та минута благодарение на поранешниот напаѓач на Барселона и Дортумунд, Пако Алкасер. Во 36-та минута, Мендез им ја врати надежта на гостите, но Морено, кој беше прецизен од пенал во 45-та минута, се погрижи Виљареал да замине со предност на полувреме.

Победата ја потврди Алкасер со неговиот втор денешен погодок, и вкупно трет за неговиот тим за конечни 3:1.

Во последното коло, Атлетико Мадрид ја оствари најубедливата победа во претходниот дел од сезоната, над Гранада, тоа беше одлични 6:1.

Гостувањето кај нововлезениот во лигата, тимот на Хуеска, беше идеална можност за нова убедлива победа, до која не стигнаа. Диего Симеоне од првата минута го испрати Суарез на теренот, кој во тандем со Феликс и другите sвезди на Атлетико не успеа да ја затресе мрежата на ривалот чија примарна цел беше да освои еден бод во кој успеа, па остана 0:0.