Connect with us

Фудбал

Вилијан има една молба за Сари: Немој да бидеш како Конте!

Антонио Конте по трофејот во Премиерлигата во својата прва сезона на клупата на Челзи се соочи со големи проблеми.

Него и на играчите на Челзи ништо не им одеше по планот, а „сините“ изиграа многу лоша сезона и на крајот мораа да му дадат отказ.

Одличниот фудбалер на Челзи, Вилијан и покрај се ќе остане на „Стемфорд бриџ“ и во новата сезона, а Бразилецот се надева дека со новиот тренер ќе му биде уште подобро.

„Се надевам дека Сари не е како Конте. Тој беше тренер со кој ми беше тешко да работам. Неговата филозофија, неговата логика беше многу комплицирана. На некои натпревари не го разбирав – играв добро, но тој решаваше да ме смени“, изјави Вилијан за бразилскиот ЕСПН.