Connect with us

Фудбал

„Вимблдон? Само парите им се важни!“

Во средата Вимблдон официјално потврди дека нема да дозволи на играчите од Русија да учествуваат на Грен слем турнирот на 27 јуни, а реакциите од светот на спортот продолжуваат да пристигнуваат. Свое мислење за турнирот, основан пред 145 години, даде и австралискиот тенисер Џон Милман, 80-тиот играч на планетата.

Милман играше во Белград на Отвореното првенство на Србија, но беше елиминиран во второто коло во средата од домашниот тенисер Миомир Кечмановиќ .

„Кога првпат се квалификував за Вимблдон, побарав две дополнителни билети за моето семејство да ме гледа. Ми рекоа да чекам ред. Парите се таму се – ако сакате да ги суспендирате спортистите, дајте го целиот ваш профит како помош. Тогаш ќе знаеме дека си сериозен“, ја коментираше Џон Милман одлуката на Вимблдон во врска со војната во Украина.