Connect with us

Фудбал

Винисиус бесен, прскалки се вклучија и го уништија нападот, намерна саботажа или случајност (ВИДЕО)

Неверојатни сцени го одбележаа возбудливиот натпревар во Матурин, во кој Венецуела првпат во својата историја успеа да остане непоразена против Бразил (1:1).

По десетина киксови од исто толку дуели со овој ривал на домашен терен, селекцијата на Фернандо Батиста пружи отпор, но ако ги прашате, гостите се незадоволни со некои недозволени постапки. Имено, во четвртата од петте минути од судиското продолжение во второто полувреме, одеднаш се вклучија три прскалки на левата страна од теренот по корнерот на Бразил.

Тоа што се случи предизвика гнев кај бразилските фудбалери бидејќи играта мораше да се прекине, а во тој момент „Кариоките“ напаѓаа  и имаа играч повеќе. Потоа сите скокнаа од клупата на Бразил, но и оние на теренот, а некои играчи дури се обидоа да ги изгасат прскалките со нозе. Највоинствен беше Винисиус Јуниор кој жестоко протестираше заедно со Рафиња, веројатно верувајќи дека тоа не е резултат на сплет на околности, туку дека некој намерно сакал да го попречи нивниот напад.