Фудбал
Винисиус не бил вистински Бразилец, направил ДНК тест, го открил потеклото на своите претци, погодете од каде се?!
Бразилскиот напаѓач Винисиус Јуниор (24) направи ДНК тест за да се открие од каде потекнуваат неговите предци.
Синоќешниот натпревар против Уругвај се совпадна со празникот во чест на Бразилците со африкански корени, а Бразилскиот фудбалски сојуз започна кампања за да им помогне на репрезентативците да го истражат своето потекло. Претседателот на бразилската федерација Едналдо Родригес на таткото и на Винисиус им врачи потврда дека потекнуваат од Камерун, поточно од народот Тикар.
„Иако не знаев, сега сум среќен што го видов ова“, изјави Винисиус.
Vinícius Júnior a découvert, via un test ADN, que ses ancêtres sont originaires de la tribu Tikar au Cameroun. 🇧🇷🇨🇲
Le joueur a reçu un certificat cette nuit confirmant ses origines.
📸 @CBF_Futebol pic.twitter.com/Uu6kdVVOv0
— Actu Foot (@ActuFoot_) November 20, 2024
„Важно е да знаете од каде доаѓате. Всушност, повеќето Бразилци не знаат од каде потекнуваат нивните предци“, додал неговиот татко.
Винисиус главно беше во центарот на вниманието како мета на расистички скандирања од трибините во Шпанија.
„Почестени сме да ги откриеме африканските корени на Винисиус и неговото семејство. Веруваме дека неговата поврзаност со неговите африкански корени ќе биде моќен чин на отпор, во согласност со неговата посветеност на социјалната правда на теренот и надвор од него“, вели Africanancestry.com Проект менаџер д-р Џина Пејџ.