Connect with us

Фудбал

Вишок помеѓу „Милионерите“: Шурле пристигнува во Серија А

Светскиот шампион со репрезентацијата на Германија во 2014. година Андре Шурле е во потрага за нов клуб.

Шурле минатата сезона играше на позајмица во Фулам, а после 24 натпревари и шест голови со клубот од Лондон испадна од Премиер лигата.

Искусниот крилен фудбалер со Борусија Дортмунд има договор до 2021. година, но Луис Фавер не смета на неговите услуги, Шурле бара нов клуб.

Според информацијата која ја објави „Tuttomercato“ Шурле беше понуден на Каљари, па клубот размислува за неговиот ангажман.

Каљари е загрижен за физичката подготвеност на овој 28-годишен фудбалер, но и за финансиските услови, односно платата која би ја побарал Шурле.

Шурле кариерата ја започна во Мајнц, а потоа играше и за Баер Леверкузен, Челзи, Волфзбург, Борусија Дортмунд и Фулам.