Connect with us

Фудбал

Влаховиќ го споредија со Роналдо, а најдобар одговор даде тренерот на Јувентус

Душан Влаховиќ во јануари пристигна во Јувентус и се покажува како големо засилување.

На шест натпревари постигна четири гола и асистираше, а медиумите во Италија дури го споредуваат со Кристијано Роналдо.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, сепак јасно стави до знаење дека не може да се споредуваат.

“Мислам дека не можат да се споредуваат. Роналдо постигна толку многу успеси, а Влаховиќ е само на почетокот на кариерата. Еден добар натпревар не е доволен, нивото на Роналдо бара исклучителна ментална сила, а Душан е само на почетокот на неговото патување“, рече тој.Алегри.

„Влаховиќ е многу важен играч за нас – има карактер, како и карактеристики кои досега ги немавме во тимот. Веднаш се гледа дека се работи за момче кое е желно да учи и има правилен став. Одлично се движеше против Емполи, предност за нас, кога не е статичен во средината“, заклучи тренерот на Старата дама.

Следниот предизвик Јувентус и Влаховиќ го очекуваат на 6 март кога ја пречекуваат Специја.