Connect with us

Фудбал

Влаховиќ: Зависен сум од голови

Српскиот репрезентативец и голгетер на Јувентус, Душан Влаховиќ во интервју за „ICON Magazine“ проговори за својата фудбалска филозофија.

Напаѓачот, кој во јануари за 80 милиони евра премина од Фиорентина во Јувентус, призна дека е „зависник“ од голови.

– Живеам за да постигнувам голови. Се чувствувам празно кога не го правам тоа, а кога го правам – летам. Тоа чувство целосно ме исполнува. Головите се моето гориво и штом ќе го пробате, барате се повеќе и повеќе. По секоја цена, таа емоција треба повторно да ја доживеете. Тоа е еден вид зависност – рече Влаховиќ .

Вториот стрелец на Калчо минатата сезона откри дека живее со фудбал 24 часа на ден.

– Целосно сум му посветен. Кога ќе се вратам дома гледам фудбалски натпревари. Уживам, ме опушта, но гледам и да се подобрам себеси.