Connect with us

Фудбал

Во 2018 му ја „украде“ Лигата на шампионите на Лацио, а сега го напушти Интер и потпиша за тимот од Рим

Судбината е интересна работа, особено на фудбалерите бидејќи не се знае чиј дрес ќе го облечат. Се е до парите, до менаџерите. Имено, играчот за врска Матијас Весино е нов член на Лацио. Тој го напушти Интер, бидејќи „Нероаѕурите“ не сметаат повеќе на неговите услуги. Следната сезона Уругваецот ќе го носи небесно-синиот дрес.

Интересно е тоа што Весино во 2018-та година во последното коло постигна гол за победа на Интер од 3:2 во последните моменти од мечот со што Интер го освои четвртото место, а Лацио остана без ЛШ во директната пресметка.