Connect with us

Тајмаут

Во Англија, во четврток започнува трансфер периодот

Сезоната во Англија се уште не е завршена, бидејќи се уште не се одигра финалниот меч од ФА Купот.

Имено, иако сезоната се уште не е завршена, „Скај Спорт“ објави дека преодниот рок на „островот“ ќе започне веќе во четврток и ќе трае до почетокот на август. Затоа се очекува во Англија да се направат и неколку звучни трансфери уште пред Светскиот куп.

ФА имаат намера дополнително да ја направи поинтересна Премиер лигата, така што клубовите нема да имаат шанса да донесат нови играчи кога ќе започне новата сезона, како што беше порано. Преодниот рок завршува на 9 август, кога започнува сезоната во Англија.

Претходно, летниот преоден рок во Англија траеше од средината на јуни до почетокот на септември. Сепак, крајните играчки, клубовите ќе мора да имаат до почетокот на сезоната.