Connect with us

Ракомет

Во Еурофарм Работник шокирани од допингувањето на нивни ракометар

Битолскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник со неверување ја прими информацијата дека еден негов ракометар користел недозволени стимулативни средства.

Во соопштението на Еурофарм Работник стои:

Во однос на написите кои се појавија во текот вчерашниот ден, а се однесуваат за откриена недозволена супстанца кај еден од нашите играчи при извршена допинг контрола, ја известуваме спортската и останатата јавност во Република Македонија дека после добиеното известување од РФМ за овој случај ги презедовме сите соодветни мерки и постапки согласно правилата за постапување при ваков настан.

Исто така, сакаме да потенцираме дека како клуб ги имаме преземено сите мерки за едукација на нашите играчи и превенирање на несакани настани од таков вид. Посветуваме големо и многу професионално внимание на оваа проблематика.

Во овој момент управата на РК Еурофарм Работник ја почитува презумцијата на невиност на нашиот играч и тоа така ќе остане сè до донесување на крајната одлука на надлежните органи по што ќе следи нашата конечна одлука. За сите нас овој настан е огромен шок особено што се работи за докажан спортист и човек кој со своето однесување е пример за сите помлади играчи. Се надеваме дека нашиот играч ќе ја докаже својата невиност. РК Еурофарм Работник како и секогаш ќе ги почитува одлуките на надлежните органи, се вели во соопштението на РК Еурофарм Работник.