Connect with us

Фудбал

Во Интер се шокираа кога ја слушнаа ова цифра – Перез ја соопшти цената за Модриќ

Овие денови почна интензивна да се шпекулира за потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ од Реал Мадрид во Интер, а некои медиуми во Италија соопштија дека во тек се преговорите за овој играч.

Меѓутоа првиот човек на Реал Флорентино Перез никако не сака да остане без Модриќ, па јасно е дека сите кои се заинтересирани ќе мораат да го одврзат кесето доколку сакаат да го реализираат неговиот трансфер, сепак по се изгледа дека тоа ќе чини многу повеќе од колку што сите си замислуваа.

„Corriere dello Sport“ пишува дека постои можноста за овој 32-годишен хрват од Реал Мадрид да биде на позајмица, но последната изјава на Флорентини Перез сигурно ќе ги обесхрабри сите во Интер која можеби се надеваа дека најдобриот играч на Мундијлот во Русија во новата сезона ќе го носи црно – плавиот дрес.

„Единствениот начин Лука Модриќ да замине од Реал е некој да плати 750 милиони евра“, кратко кажа Флорентино Перез.