Connect with us

Фудбал

Во Италија, Де Вриј е сè уште главна тема, а Инзаги очигледно подлегна на притисок

Тренерот Лацио, Симеоне Инзаги ја донесе одлуката за кога станува збор за настапот на холандскиот штопер Стефан Де Вриј.

Лацио ќе го пречека Интер и мора да освои барем еден бод за да се квалификува во Лигата на шампионите, а многу полемики во изминативе неколку се водат за Де Вриј, кој од летото се согласи да се пресели во Интер.

Затоа и се плашат во Олимпико дека Де Вриј може да биде предност на противникот. Беше прашање дали Инзаги, и покрај се ќе му даде шанса на еден од главните играчи во одбраната, а според последните изјави, се чини – не. Навивачите се против тоа, мислат дека Де Вриј не е толку доверлив, без оглед на неговиот професионализам.

“Не знам дали ќе игра. Ќе оцениме во текот на неделата, но Луис Фелипе се враќа, за нас тое е многу важно. Ние, исто така имаме и други врвни дефанзивци на кои може да се смета”, наводно Инзаги тоа го рекол, пренесува Фудбал Италија.

“Де Вриј, меѓу другото не е во најдобра форма и веќе ризикуваше на натпреварот против Кротоне”, заклучи тренерот на небесно-сините.

Де Бриј асистираше за 2:2 во натпреварот против Кротоне, во кој Лацио можешњ да обезбеди место во Лигата на шампионите. Сега римскиот тим не смее да изгуби пред своите фанови од Интер, а Де Вриј по се изгледа натпреварот помеѓу стариот и новиот клуб ќе го гледа од трибините.