Connect with us

Фудбал

Во Јувентус нешто не е како што треба, се „тресе“ позицијата на Пирло, Дибала не сака да го продолжи договорот

Јувентус не ја почна сезоната како што се очекуваше. Андреа Пирло се чини дека не се снаоѓа баш најдобро на клупата на италијанскиот шампион. Одредени медиуми тврдат дека раководството на тимот размислува дури и за негова смена доколку резултатите не се поправат.

Но, ситуацијата во Торино не е баш најдобра. Освен слабите резултати, дополнителен проблем е и Пауло Дибала. Наводно Аргентинецот одбива да го продолжи договорот, кој истекува во 2022 година.

Поради тоа се појавија информации дека можно е да биде продаден на Реал Мадрид, а во спротивна насока да пристигне Иско или Винициус, кои исто така не се во преден план кај Зинедин Зидан.

Проблемот со договорот на Дибала е тоа што тој бара плата од 15 милиони евра, кои не може во моментов Јувентус да му ги исплати.