Connect with us

Фудбал

Во ноќта полна со среќа, Бензема не можеше да не каже ниту збор за Мбапе

На почетокот на овој месец, Килијан Мбапе најави дека ќе остане во ПСЖ, што разочара многумина во Реал Мадрид.

Посебно се разочара соиграчот и пријател на Мбапе, Карим Бензема, кој се надеваше на доаѓањето на младата ѕвезда, а на крајот изгледа индиректно го прозва преку објави на социјалните мрежи.

Откако синоќа Реал го победи Ливерпул со 1-0 и со тоа ја освои 14. европска титула, Бензема повторно проговори за Мбапе, но овојпат со многу попозитивен тон.

 

“Сакав да го исполни својот сон и да игра за Реал Мадрид заедно со мене. Тој го избра ПСЖ, мораме да ја почитуваме неговата одлука. Тој е млад, има голема одговорност на своите плеќи. Од оваа гледна точка, нема проблем, секој си носи одлуки за себе“, изјави Бензема.

За Мбапе синоќа се осврна и претседателот на Реал, Флорентино Перез. Направи се за да го донесе, на крајот не успеа.

 

“Мбапе? Вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид. Тоа е минато. Ништо не се случи. Реал Мадрид имаше совршена сезона”, изјави Флорентино Перез.

 

„Трансферот на Мбапе во Реал Мадрид беше можност, но тој избра на крајот и тоа беше негова одлука. Реал Мадрид останува Реал Мадрид, Мбапе останува Мбапе и ПСЖ останува ПСЖ. Ништо не се смени поради неговата одлука“, рече првиот човек на Кралевите.

 

Мадриѓаните оваа сезона ја освоија и Ла Лига и Лигата на шампионите и продолжуваат да доминираат, додека Мбапе и ПСЖ се уште сонуваат за трофеј во најелитното клупско натпреварување.