Connect with us

Фудбал

Во Реал Мадрид очигледно повеќе не мислат дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во светот

Во фудбалот, сигурно уште долго ќе биде прашање дали Лионел Меси или Кристијано Роналдо е подобар, и, се разбира, сеуште имаме среќа да уживаме и да ги гледаме на теренот.

Меси и Роналдо го прославија фудбалот во изминатите десет години и речиси освоија се што можеа. Сепак, сигурно останува прашањето кој е подобар играч а дебатата ќе се води уште долго време.

Играчот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, исто така, зборуваше за оваа тема, што не е изненадувачки за многумина што не застана на страната на неговиот поранешен соиграч, Роналдо.

Обично играчите на Реал одговараа дека нема дилема и дека Роналдо сигурно е подобар од Меси, но откако Португалецот го напушти клубот, ова очигледно се промени.

Карвахал рече дека тие навистина не можат да се споредат, бидејќи тие се играчи со различни карактеристики, но дека се уште се најдобри играчи во светот.

„Меси и Роналдо е тешко да се споредат. Тие се најдобрите играчи во историјата, но се разликуваат многу. Меси е играч кој повеќе го претставува фудбалот, има подобра визија на теренот за додавање и сака топката секогаш да му е во нозете. Од друга страна, Роналдо се фокусира на тоа секогаш да биде околу голот и да постигнува голови. Многу се различни, но неверојатно добри фудбалери“, порача Карвахал.