Connect with us

Фудбал

„Во Реал се пали алармот и кога ќе се одигра нерешено“

Чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини има чест во една сезона да ги предводи Реал Мадрид.

Пелегрини во сезоната 2009/2010 ги предводеше кралевите, но имаше лоши резултати и остана без трофеј. Врачен му беше отказ, а не неговото место дојде Жозе Мурињо.

Пелегрини за шпанските медиуми откри каков е притисокот во Реал и дека тоа е еден од најтешките работи во светот на фудбалот.

„Притисокот во Реал е ист за сите. Тешко е да го водите тој тим затоа што и нерешен резултат во некој натпревар го вклучува алармот во тимот“, рече Пелегрини, кој застана во одбрана на Жулен Лопетеги.

„Го има потребното искуство и сигурен сум дека ќе го крене тимот. Играчите се тие кои мораат да работат на тренинзите. Реал има играчи од светска класа, но и добри алтернативи“, уверен е Пелегрини.

Исто така, Чилеанскиот стручњак смета дека Кристијано Роналдо требаше да ја заврши кариерата во Кралскиот клуб.

„Со неговото заминување Реал изгуби доста голови. Ме изненади со одлуката да замине. Требаше да ја заврши кариерата во Реал. Не е исто во тимот да го имате Бејл и Роналдо, Кристијано е тој кој правеше разлика“, истакна актуелниот менаџер на Вест Хем.