Connect with us

Фудбал

Во трагедијата во Гвинеја, еден од преживеаните е роднина на ѕвездата на Ливерпул

Трагедија се случи во Гвинеја. Како што веќе пишувавме, автобус со фудбалери на клубот по име Гвинејска ѕвезда, загубил контрола, откажале сопирачките, а при голема брзина се случила несреќа при која загинале девет лица, а повредени биле 18.

Од повредените, 17 се со тешки повреди. Меѓу оние кои преживеале се и Алмами Кеита, роднина на Неби Кеита, фудбалер на Ливерпул. Тој се уште не се огласил по повод случувањата.