Connect with us

Фудбал

Војна на фановите на социјалните мрежи, дали сегашниот Реал Мадрид е посилен од оној на „Галактикоси“ (ФОТО)

Доаѓањето на Килијан Мбапе во веќе еден од најдобрите клубови во светот предизвика дискусии за тоа дали новиот Реал Мадрид е посилен од легендарните Галактикос. Реал Мадрид вчера го официјализираше потписот на Килијан Мбапе, според многумина најдобриот светски фудбалер, кој доаѓа како слободен играч по разделбата со Пари Сен Жермен.


Мбапе ја избра „деветката“ на дресот, а таму дефинитивно го чека шампионскиот тим на Реал. Мбапе пристигна во Реал откако кралскиот клуб ја освои својата 15-та титула во ЛШ и пристигна во тим кој веќе содржи неверојатно количество талент преку млади, но веќе докажани фудбалери.

Затоа, АС од Шпанија утрово започна интересна дискусија на социјалните мрежи прашувајќи дали новиот тим на Реал Мадрид е посилен од легендарната ера на Галактикос. Да потсетиме дека Галактикоси на почетокот на овој милениум ги собра Флорентино Перез, а тимот го сочинуваа великани како Роналдо, Зидан, Фиго, Бекам, Раул, Карлос, Касилјас…