Connect with us

Фудбал

„Војна“ на сестрата на Марадона со неговите ќерки

Откако двете ќерки на Марадона Далма (34) и Џиана (31) ја обвинија тетката Ана, сестра на Диего, дека го искористувала додека се грижела за него, се одлучи и таа да проговори. За аргентинските медиуми ги отфрли сите обвинувања, дури и ги критикуваше.

-Веат дека сум наплатувала да бидам со мојот брат, навистина не знам од каде сето ова. Нека проверат слободно дали било што ми даде. Да е така, јас не би имала долгови, не би имала никакви трошоци. Сето тоа можат да го потврдат. Овие девојки ќе платат за ова, нека запамтат, изјави Ана и притоа додаде:

-Мојата деца, како ниту децата на моите сестри не живееја на сметката на Диего. Апсолутно никој. Беше великодушен, даваше понекогаш нешто, но ништо повеќе од тоа. Не зависевме никогаш од него. Тие без него не би биле ништо на начинот на кој живеат. Пуштете го да почива во мир, вели Ана, која упати обвинувања на адреса на ќерките на Марадона.

-Ќерките него го напуштија. Кога дошле тие да го посетат? Никогаш, никогаш, запомнете го тоа, вели Ана.