Connect with us

Фудбал

„Војводи“ Тетово со прослава која ќе ја паметат сите генерации (ФОТО+ВИДЕО)

Навивачката група „Војводи“ прослави 30 години од нејзиното постоење. Овој јубилеј го искористија за голема прослава која беше низ тетовските улици и маала.

Неколку генерации се сменија во оваа култна навивачка група, која впрочем е една од најбројните во Република Македонија.

30 години навивачката група „Војводи“ од Тетово го поддржува фудбалскиот клуб Тетекс. Беа лојални на својата љубов и кога клубот имаше успеси, но и кога клубот беше на дното на лигашките табели.

Навивачите на Војводи секогаш беа посветени и даваа поддрша на Македонските репрезентации во фудбал, кошарка, ракомет.

Исто така навивачката група Војводи често организираше хуманитарни настани, крводарителски акции, финансиска и материјална помош на тие кои им беше потребна. Овој ден ги обедини многу генерации, кои се сетија на најдобрите времиња од постоењето на навивачката група.

Голем број граѓани излегоа на нивните прозори и тераси за да ги поздрават, некои се симнаа да им се приклучат во прославата. Војводи слават, нека им е честит јубилејот, уште многу години навивање, уште многу успеси за ФК Тетекс.

Извор: Булевар.мк

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com