Connect with us

Фудбал

Вознемирувачка снимка од Лондон, Влашиќ паднал на колена и почнал да плаче од мака (ВИДЕО)

На мечот Вест Хем-Барнли, Никола Влашиќ помина низ вистински кошмар што почна да плаче од мака.

Во еден безопасен дуел на средината на теренот, Влашиќ се обиде да му ја одземе топката на Ешли Вествуд која заврши на тревата и веднаш побара лекарска помош.

Се испостави дека играчот на Барнли има скршеница на ногата. Дојде до целосен раскин што го фрли Влашиќ во очај.

Хрватскиот репрезентативец веднаш почна да плаче, а соиграчите се обидоа да го утешат бидејќи сигурно немал никакви намери.

Натпреварот беше прекинат на осум минути. Вествуд беше изнесен од теренот на носилки по што беше префрлен во болница.

Иако стартот беше безопасен, јасно е дека оваа сцена долго ќе го прогонува Влашиќ …