Connect with us

Фудбал

Враќање во Барселона? Нејмар ја донесе конечната одлука

Во текот на целиот летен период се шпекулираше дека Нејмар сака да се врати во Барселона. Поточно речено каталонскиот клуб сакаше повторно да го види во своите редови. Но, оние „тивки“ преговори веројатно не вродија со плод. Нејмар тактизираше со новиот договор со ПСЖ, но сега се чини дека сака да стави крај на целата неизвеснот. Како што објавија француските медиуми, Бразилецот му порачал на раководството на тимот дека сака да го продолжи договорот со францускиот првак. Не е познато уште колку сезони ќе остане во Париз, ниту се познати финансиските услови.

Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ му истекува во 2022 година.