Connect with us

Фудбал

Вредеше 70 милиони евра, го освои Мундијалот, сега вреди само 2 милиони, Барселона сака по секоја цена да се ослободи од него

Фудбалот пишува убави и лоши приказни. Од дното кон врвот и обратно, и двете ги почувствува Самуел Умтити. Тој стана само сенка на играчот кој беше клучен играч на Барселона во 2018 година и кој го освои Светското првенство во Русија. Веднаш по победата на Франција на СП 2018, Самуел Умтити вредеше 70 милиони евра според Transfermarkt, што е највисока проценка во кариерата..

За негова жал, сега е далеку од тоа.

Проблемите со повредите го оддалечија долго време надвор од терените, а односот со тренерите кои го обвинуваа за непрофесионално однесување доведе до повеќе исклучувања од тимот.

Сега, во летото 2022 година, Умтити вреди само два милиони евра, што е неверојатен пад во однос на гореспоменатата 2018 година.

На почетокот на годинава, во јануари, Барселона му понуди на Умтити нов договор до 2026 година, што Французинот го прифати.

Така челниците на блауграната го намалија буџетот за плати, бидејќи Умтити прифати помала плата, но не сакаше да го напушти клубот, иако каталонскиот великан тоа многу го посакуваше.

Барселона се уште се надева дека ќе се ослободи од него на лето и ќе го продаде.

Меѓу тимовите кои наводно го посакуваат е и Њукасл, но во моментов нема конкретен интерес за играчот кој за неполни четири години доживеа голем пад во кариерата.