Connect with us

Фудбал

Вреди за секоја пара, на Халанд 1.000.000 евра неделно!

Ерлинг Халанд буквално ја покори Премиер лигата. Мислевме дека на Норвежанецот ќе му треба повеќе време, но тој веќе постигна три хет-трик по само осум кола од Премиер лигата. Се на се, Халанд има 14 гола во ПЛ и уште пет во ЛШ, што е вкупно 19 гола на 12 одиграни натпревари.

Тој пристигна летото за сума од 54 милиони фунти, а англиските медиуми вечерва ги пренесоа деталите од неговиот договор.

Откако потпиша договор со Сити до 2027 година, Гвардиола денеска демантираше дека има откупна клаузула која Реал Мадрид може да ја искористи за две години. Според тој договор, Халанд заработува неверојатни 865 илјади фунти неделно, што е околу 985 илјади евра.

Неговата главна плата е слична на оние играчи кои заработуваат најмногу, како Де Брујн кој е околу 400.000 фунти неделно, но разликата ја прават бонусите. Бонуси, кои се чини дека Ерлинг одлично ги исполнува. Кога ќе ги соберете главнината и бонусите, Халанд заработува нешто помалку од милион евра неделно. Некои би рекле дека вреди секој денар за неговата изведба, некои не би се согласиле. Неверојатни бројки за 22-годишник.