Connect with us

Фудбал

Време е за разделба, но и „нож во грб“, ѕвездата заминува од Реал Мадрид

Не успеа Хамес Родригес да се снајде во дресот на Реал Мадрид. Го пратија на двегодишна позајмица во Баерн Минхен, се очекуваше дека ќе биде продаден, но од тоа ништо не се случи. Сепак, Зидан го задржа, но малку го користеше. Забележа едвај 341 минута во Примера и 81 минута во Лигата на шампионите.

Како што стојат работите летово ќе замине од Реал, иако има договор до 2021 година, па би можело на некој клуб да биде „ефтино“, а добро засилување.

Најновите информации од Шпанија велат дека Хамес Родригес ќе замине од Реал, но не и од Мадрид. Наводно Диего Симеоне покажал интерес да го види во дресот на Атлетико, лутиот градски ривал на Реал. Што ќе се случи, останува да се види.