Connect with us

Фудбал

Врсаљко сака во Интер, но Атлетико му прави проблеми

Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсањко сака да го напушти Атлетико Мадрид ова лето и да се врати во италијанската Серија А.

Врсаљко беше еден од најдобрите фудбалери на „ватрените“ на Мундијалот во Русија, а голем интерес за него покажува Интер. Клубот од Меаца сака да го донесе Врсаљко на позајмица до крајот на оваа сезона со обврска да го откупи неговиот договорот наредното лето.

Хрватскиот играч покажа дека сака да се врати во Италија, и дека нема ништо против да оди во Интер. Врсаљко не е баш задоволен во Атлетико Мадрид, но челниците на шпанскиот клуб му права големи проблеми околу заминувањето од клубот.

Имено, Интер сака да плати шест милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, па би платил уште 25 милиони следното лето за откуп на неговиот договор. Меѓутоа, од Атлетико порачаа дека Версаљко може да замине од клубот само доколку Интер или некој друг клуб одма уплати пари за трансферот.

Интер не е во можност тоа да го направи поради суспензијата за купување на нови играчи до наредното лето, па за нив единствена опција е Врсаљко да дојде на позајмица. Хрватскиот фудбалер сака да оди во Интер, но сега се е во рацете на Атлетико.