Connect with us

Фудбал

Втор пораз по ред за Ница и Балотели во Лига 1

Нов втор пораз по ред за Ница на гостувањето кај Монпелје загуби со 2-0.

До третата победа сезонава Монпелје стигна со головите на Стефан Сесењон (55. минута) и Исак Мбенза (74. минута). За тимот на Ница пак, ова беше петти пораз во деветиот одигран натпревар по што оваа екипа која најавуваше трка за висок пласман останува во долниот дел од табелата со дури 15 бодови помалку од лидерот ПСЖ.

Во првиот натпревар од денешната програма Бордо и Нант одиграа без победник 1-1.

Оваа рунда во Лига 1 ќе биде комплетирана вечерва со дуелот меѓу Стразбур и Олимпик Марсеј.

Табела: ПСЖ 25 бодови, Монако 19, Сент Етјиен 17, Нант 17, Олимпик Лион 16, Олимпик Марсеј 16 (еден натпревар помалку)