Connect with us

Кошарка

Втората лига со рекорден број на пријавени екипи!

Една седмица по стартот на Првата лига, и официјално ќе почнат и натпреварите во втората, она помалку квалитетната, од која ќе се бараат новите прволигаши.

Ќе биде, би се рекло, револуционерна, особено ако се земе в предвид големата промена во системот за натпреварување во оваа конкуренција.

Затоа што МКФ одлучи да ја укине третата, па сите заинтересирани кошаркарски субјекти, оние сениорски, може(а) да испратат пријави за настап во посилната конкуренција.

И тоа прво во историјата, со вкупно 25. екипи, кои токму поради бројноста, се поделени во две натпреварувачки групи, Запад и Исток.

Во западната конференција ќе членуваат 12. екипи: Спортисимо, Тетекс, Партизан Мулти Шпед, ТНТ, Работнички, Хераклеа, Чаир 2030, Црн Дрим, Феникс 2001, Ангели, Гостивар, Спорт тим.

Во онаа Источната пак свои пријави испратија и добија играчки лиценци: ФМП Академија,. ТФТ, Куманово, Баскет Дино, Спарта, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи 2000, Крива Паланка, Баскет КАМ, Борец баскет, Милановски, Лирија 77 и Струмица.