Connect with us

Ракомет

Вујо пред ЕП во Хрватска: Македонија е посилна со Раул Гонзалес отколку со Червар!

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, поранешен тренер на македонската ракометна репрезентација и на Вардар смета дека Македонија е посилна со Раул Гонзалес, отколку со Лино Червар.

В петок почнува Европското првенство (ЕП) во Хрватска, а Македонија го стартува континенталното натпреварување в сабота, на 13. јануари против селекцијата на Словенија.

Популарниот Вујо ја прифаќа фаворитската улогата, но смета дека Македонија ќе им биде незгоден противник. Тој прави анализа за нашата селекција во интервју за „Балкан хендбол“.

„Мислам дека Македонија е поопасна во однос на нашата пресметка на Светското првенство. Раул ја пренесе таа енергија од Вардар. Јавноста многу повеќе му верува отколку на Лино Червар. Тој врати неколку играчи кои беа во судир со Лино. Сепак повторно ќе биде таа постава, Талески, Миркуловски, Стоилов, Лазаров, Манасков и Борко Ристовски. Тоа е една група на играчи кои со години играат заедно. Тоа е една квалитетна и натпреварувачка екипа“, вели Веселин Вујовиќ.

АНКЕТА

[poll id=”2″]

„Имаат еуфорија, но мислам дека таков е односот на медиумите и ако им се случи нешто што тие не го очекуваат, ќе им се случи голем пад. За разлика од нив, ние Словенците мирно чекориме по земја. Не сме застапени толку во медиумите, што мене ми одговара“.

„Веројатно ќе имаме најмногу навивачи после Хрватска. Во натпреварот со Македонија влегуваме со голем респект за противникот, знаеме каде е главната опасност. Мислам дека Словенија е во блага предност“.