Connect with us

Фудбал

За читателите на „AS“, Модриќ е најдобар во светот

Хрватскиот мајстор со Реал ја одбрани титулата шампион на Европа, а Хрватска ја одведе до сенцазионалното светско сребро на Светското првенсво во Русија. Модриќ целата сезона импресионираше со своите игри, па критиките, но и публиката не можеа да останат рамнодушни.

Лука е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија, а за читателите на реномираниот шпански „AS“ нема дилема за тоа кој е најдобар фудбалер во светот во овој момент.

Имено, во анкетата која ја направи споменатиот весник, Модриќ убедливо е избран за најдобар фудбалер на годината. Откако ФИФА ја објави листата на кандидати за најдобар играч, во својата анкета за читателите, весникот праша кој треба да ја освои наградата. За нив немаше никакви дилеми и Модриќ доби 14,227 гласа, односно 46% од вкупниот број на гласови (30,413).

sportski.mk