Connect with us

Фудбал

За историја, без ниту еден фаул на цел меч во Лига Европа

Арсенал синоќа во рамките од второто коло од групната фаза од Лига Европа славеше со 3:0 на ирскиот Дандолк. Сепак, неверојатната вест не е за победата на Арсенал, туку за ирскиот тим. Во текот на сите 90 минути фудбалерите на оваа екипа не направиле ниту еден прекршок односно фаул, што секако ја заслужуваат наградата за фер плеј.

Ова за прв пат се случува во Лига Европа уште од сезоната 2009/10 кога и официјално почнале да се „архивираат“ ваквите статистички податоци од страна на Опта.