Connect with us

Тајмаут

За кого ќе навива вечерва Пирло

На стадионот “Олимпико” во Рим вечерва е финалниот меч на италијанскиот куп каде што се среќаваат Јувентус и Милан.

Андреа Пирло имаше шанса да игра за двата клуба и подеднакво да му оставиа добри спомени. Пирло неодамна ја заврши својата кариера и планира наскоро да почне да работи како тренер.

Сигурно е дека Пирло ќе биде подеднакво среќен со секој резултат на финалето вечерва, но за италијанските медиуми тој откри дека некако се надева дека ќе го освои Милан. Легендарниот Пирло верува дека освојувањето на Купот на Италија ќе биде добар почеток во новата ера на Милан.

“Очекувам изедначен натпревар. Во финалето никогаш немате фаворити без оглед во каква форма е тимот. Среќен сум што Гатузо е на клупата на Милан, бидејќи се види дека го врати духот во тимот. Поради него јас би сакал  Милан вечерва да ја освои титулата”, рече тој Пирло.