Connect with us

Фудбал

За Ливерпул вистински шок дојде дури по поразот во соблекувалната

Ливерпул не успеа да му се реваншира на Реал Мадрид и исто како и пред четири години повторно загуби во финалето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ до пред неколку недели беа блиску до освојување на четири трофеи во една сезона, но на крајот мораа да се задоволат со два домашни купа и останаа без најпосакуваните Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Работите да бидат уште полоши по финалето од Лигата на шампионите, Ливерпул остана без еден од своите најдобри играчи кој најави заминување.

 

Мадридски АС објави дека Мане веќе се збогувал со соиграчите и му посакал среќа на Јурген Клоп и на останатите.

“Сакам да ги поздравам навивачите за се, а исто така и со тренерот. На овој тим му посакувам се најдобро во светот“, се вели во изјавата на големиот Сенегалец.

 

Мане си заминува од „Енфилд Роуд“ по шест одлични години каде се здоби со статус на еден од најдобрите играчи во светот и освои неколку трофеи меѓу кои и Лигата на шампионите.

 

Договорот на искусниот офанзивец со „црвените“ истекува во летото 2023 година, а веќе е решено клубот да го напушти со одредено финансиско обештетување.

 

Германски Билд е убеден дека Мане кариерата ќе ја продолжи во Баерн. Преговорите се во напредна фаза. Засега се споменува цифра од 30 милиони евра, додека Ливерпул се надева на поголема цифра.

 

Инаку, без разлика на поразот во финалето на Лигата на шампионите, Мане сепак котира високо за освојувањето на Златната топка оваа сезона. Пред него е само Карим Бензема.