Connect with us

Други спортови

За Надал играњето на трева значи големи болки во колената

Еден од тренерите на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Франциско Роџ, истакна дека светскиот тениски рекет број еден со играњето на трева трпел големи болки во колената, во изминатите неколку години.

На трева топчето е многу потешко и мора добро да работите со нозе. Тоа е многу важно. А како и сите, така и за Рафа многу од тоа зависи како се чувствува. На крај и тој е човек, иако многумина мислат дека болките во колената и не се толку голем фактор за остварување на добри резултати. Болките во колената влијаат и на колковите, нешто е исто така многу важно кога се игра на трева. Тој неколку години на трева игра со големи болки во колената, истакна Роџ.

Рафа во мај годинава се закити со 11. титула на Ролан Гарос, вкупно 17. грен слем во неговата богата кариера, а потоа загуби во полуфиналето на Вимблдон од Србинот Новак Ѓоковиќ, во натпревар кој се играше во пет сета и два дена.

Со лоши колена просто немате никакви шанси на трева. Колку и да се обидувате тоа е невозможн, бидејќи мора да бидете стабилни, на подлога која е најнестабилна. Ако не си стабилен тогаш не можеш да играш на високо ниво. На Вимблдон е неопходно да извлекувате сила од нозете. Затоа велам, ако колената не се 100 проценти немате многу шанси, иако и тоа не ви гарантира дека ќе победите, изјави Надал, кој повеќе години има проблем со колената поради што на неколку пати направи подолги паузи од тенисот.

На Надал до крајот на сезоната му останува уште една тешка задача, а тоа е одбрана на титулата на последниот грен слем турнир САД Опен. Шпанецот минатата година во финалето на турнирот во Њујорк го совлада Јужноафриканецот Кевин Андерсон.