Connect with us

Фудбал

За него играа неколку македонски фудбалери, а денеска клубот прогласи банкрот

Белгискиот тим Локерен и официјално прогласи банкрот. Клубот во јануари оваа година одбележа 97 години постоење,  имаше долг од пет милиони евра со кој не можеше да се справи. Има два пехари во Купот на Белгија, а второто место е нивниот најголем дострел во лигата направен во 1080/81. Неколку македонски фудбалери играа за овој белгиски тим меѓу кои:

Чеде Јаневски (1996-1997)

Бесарт Абдурахими (2014-2016)

Горан Мазнов (2006-2007)

Бобан Јанчевски (2007-2008)

Ертан Демири (2008-2009)