Connect with us

Фудбал

За него ретко кој зборува, но тој штотуку го постигна она за што Меси и Роналдо сонуваат

Како дете од 16 години пристигна во големата Барселона од малиот Сан Исидро, не сонувајќи дека во наредните години ќе ја пишува фудбалската историја. Педро Родригез е единствен фудбалер, а неговите достигнувања тешко дека некој ќе може да ги достигне, па дури ни двата “фудбалски богови”, Меси и Роналдо.

Педро дефинитивно не е меѓу најдобрите фудбалери кои играа за Барселона, ниту за Челзи, ниту за репрезентацијата на Шпанија. Меѓутоа тој дава гол кога тоа е потребно и секако е играч кој умее да освои трофеј.

Вклучувајќи го трофејот од Лига Европа со Челзи 2019, Педро има освоено:

– 5 титули шампион на Шпанија (Барселона)

– 3 трофеи Куп на Шпанија (Барселона)

– 4 трофеи Суперкуп на Шпанија (Барселона)

– 3 трофеи Лига на шампиони (Барселона)

– 3 УЕФА Суперкуп (Барселона)

– 3 ФИФА светско клупско првенство (Барселона)

– 1 трофеј Премиер лига (Челзи)

– 1 трофеј ФА Куп (Челзи)

– 1 трофеј Лига Европа (Челзи)

– 1 Светско првенство (Шпанија)

– 1 Европско првенство (Шпанија)

Педро е единствениот фудбалер на светот кој во својата витрина ги има сите овие пехари. Покрај тоа, Педро Родригез е единствениот играч кој постигнал голови во шест различни натпреварувања во текот на истата сезона. Тоа го направи во дресот на Барселона во сезоната 2009-2010.

До сега во кариерата постигна 140 голови на 503 натпревари. Покрај сето ова имаше и привилегија да ја дели соблекувалната со врвните фудбалери како што се Меси, Чави, Иниеста и Азар.