Connect with us

Ракомет

За пласманот во втората фаза ракометарите добија премија од 30 илјади евра

Ракометарите на Македонија добија 30 илјади евра за поминувањето на првата фаза од Европското ракометно првенство кое што се игра во Хрватска.

Управниот одмор на Ракометната федерација на Македонија пред патувањето во Хрватска ги одреди премиите. Освен првите 30 илјади евра за влез во главната фаза, македонските ракометари може да очекуваат уште дополнителни 30 илјади евра доколку завршат меѓу шрвите шест репрезентации.

За пласман во полуфиналето, РФМ на ракометарите ќе им додели премија од 100 илјади евра.

Македонија како првопласирана ја заврши првата фаза од Европското првенство, а во главната фаза во Вараждин стартува исто така од првата позиција. Првиот натпревар нашите ракометари го играат во недела, против Шпанија.