Фудбал
За прв пат во историјата, жена ќе биде главен судија на меч од Лигата на шампионите
Иако не и е прв пат да суди фудбалски натпревар, сепак Французинката Стефани Фрапар ќе виде првата жена во историјата како главен судија на меч од Лигата на шампионите. Таа е делегирана да ја дели правдата на мечот Јувентус –Динамо Киев кој ќе се одрига во среда во Торино. Таа претходно судела во француската Втора лига, но и во најдобрата фудбалска лига во Франција.
Вреди да се напомене дека минатата година го судеше мечот од Суперкупот помеѓу Ливерпул и Челзи. Има искуство и во Лига Европа, но прв пат вакво нешто се случува во Лигата на шампионите. Секако ова е за голем поздрав.